Шегата на Елен Деџенерис дека карантинот е како затвор предизвика жестоки реакции

Елен Деџенерис, една од најпопуларните американски ТВ личности, се соочи со остри критики во средата, откако нејзината самоизолација во куќа вредна милиони долари ја спореди со затвор.

Деџенерис, чие телевизиско ток-шоу беше во прекин цели три седмици поради препораката за седење дома, се врати во програма во средата но овој пат шоуто го снимаше нејзината сопруга, актерката Порша де Роси, во еден од нивните домови во Калифорнија.

„Едно нешто што научив откако сум во карантин е дека ова е како да сте во затвор“, извика Деџенерис, кој беше снимена на фотелја гледајќи надвор кон огромни тревници и планини во далечина.

„Најмногу затоа што носам иста облека 10 дена и сите тука се геј “, рече таа, смеејќи се на сопствената шега.

И покрај тоа што Елен ги пофали здравствените работници и другите од првите редови кои што се борат со пандемијата на коронавирус, „затворската“ шега не помина добро.

„Имам вистински пријатели и сакани кои во моментот се наоѓаат во затвор. Тие се затворени во грозни услови и се преплашени што ќе им се случи. Вашата шега за карантинот дома воопшто не е смешна и е навредлива“, напиша на Твитер една од активистките за социјална правда (Diana # FreeThemAll4PublicHealth).

Повеќе од 280 затвореници и 400 вработени во затворите во Њујорк се заразени со коронавирус, а најмалку седум лица починале, според официјални податоци на локалната власт. Во Чикаго, околу 230 затвореници во затворите во округот Кук, се покажале како позитивни на вирусот, заедно со 92 вработени, пренесуваат медиумите.

„Елен-Шоу, затворениците се заробени во 24-часовен карантин во ќелии кои веројатно се со големина на еден од вашите тушеви, а други спијат на помалку од еден метар растојание од болни затвореници. И умираат. Вие не доживувате ништо слично на затвор“, Калеб Гросман напиша на Твитер.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.