Кајли Миног доби портрет за својот роденден

Австралиската пејачка и текстописец Кајли Миног, која во четвртокот наполни 52 години, доби многу подароци меѓу кои раскошен букет цвеќиња доставен директно до нејзината врата, како и портрет нарачан од нејзиниот партнер Пол Соломонс.

И покрај пандемијата на коронавирус поради која многу од вљубените не можат да бидат заедно, Кајли сепак успеа да прослави во стил во нејзиниот дом во Лондон. Некои од пријателите ѝ оставаа подароци пред вратата, следејќи ги препораките за социјално дистанцирање, а некои влегоа внатре на роденденска торта.

Неодоливата поп ѕвезда, позната како „џебна Венера“, блескаше кога излезе на врата да ги земе цвеќињата. Таа е визија на убавина во бел романтичен фустан со проткаени апликации од тантела на здолништето кое паѓа слободно од тенката половина.

Нејзиното момче Пол на својот Инстаграм сподели фотографија од портретот Кајли, направен од Дејвид Дантон, и напиша „Среќен роденден убавице“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.