Кајли Џенер не е милијардерка, тврди „Форбс“

Најмладата Кардашиан фабрикувала финансиски документи за поддршка на лажното тврдење дека е милијардерка, според новиот извештај на „Форбс“.

Списанието кое што во 2019 година ја прогласи за најмлада милијардерка во светот, сега тврди дека 22-годишната реалити ѕвезда всушност не е толку побогата.

Во деталниот извештај заснован на јавно објавени финансиски цифри, списанието „Форбс“ во петокот го обвини семејството за создавање мрежа на лаги, и додава дека Кајли (22) ја напумпала големината на својот бизнис и успех.

Публикацијата тврди дека магнатот за козметика  плетела мрежа од лаги за компанијата и дека фалсификувала даночни пријави (за повраток на данок) за да влезе во листата на милијардери.

Врз основа на даночните пријави на гигантот за убавина „Коти“, кој во јануари се стекна со 51 процентен удел во компанијата на Кајли со договор вреден 1,2 милијарди американски долари, козметичката компанија “Кајли козметикс“ генерирала приходи и профити што биле пониски од бројките објавени од страна на кланот Џенер-Кардашијан.

„Форбс“ сега нето вредноста на Кајли ја процени под 900 милиони долари.

Во изјава на Твитер, Кајли се обиде да го возврати ударот. Таа напиша: „Мислев дека ова е реномирано списание. Сè што можам да видам се бројни неточни изјави и непоткрепени претпоставки.“





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.