Поранешен готвач на кралицата Елизабета вели живеењето во Бакингемската палата било како во хотел

Поранешен готвач на кралицата Елизабета ја спореди Бакингемската палата со „Даунтонска опатија“.

Дарен Мекгрејди работел во резиденцијата на британскиот монарх во Лондон помеѓу 1982 и 1993 година и признава дека животот наликувал на периодот од историската ТВ-драма на Џулијан Фелоус, бидејќи машкиот и женскиот персонал биле одвоени.

Во интервју за списанието „Инсајдер“, 58-годишниот готвач рече: „Имав соба во палатата. Кога живеев таму, јас бев сместен во просторија слична на тие од драмата „Даунтонска опатија“.

„Имаше машко и женско крило во кујната, спрат за мажи слуги и спрат за собарки, не беше дозволено да се оди на различни катови.“

Дарен објасни дека членовите на персоналот можеле да бидат во сериозна неволја доколку бидат фатени во кршење на правилата.

„Ако сте готвач или слуга и се обидувате да отидете во катот на собарките и бидете фатени, тогаш сте во сериозна неволја. Сите беа одвоени и тоа беше закон.“

“Ние бевме дел од викторијанската ера. Не можеше ни да се замисли неженети мажи да бидат заедно на ист кат со немажени жени.“

Тој го спореди живеењето во Бакингемската палата со хотел бидејќи персоналот имал обезбедени оброци и друг им ги чистел собите во кои спиеле.

„Секој имаше своја соба, никогаш не го местевме креветот наутро. Секој кат имаше жена за чистење која што местеше кревети, менуваше крпи, и носеше сапун.“

“Беше како хотел, институција. Јасно е зошто луѓето остануваа таму 30 годии или повеќе, затоа што имаа сè што им треба. И добиваа џепарлак.“





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.