Меган Маркл и принцот Хари го бојкотираат „Фејсбук“

Меган Маркл и нејзиниот сопруг, принцот Хари, се активно вклучени во кампањите против говорот на омраза на онлајн платформите, со што се приклучуваат на многу светски компании кои привремено престанаа да се рекламираат преку социјалната мрежа „Фејсбук“.

Во прашање е т.н. бојкот на „Фејсбук“ поради објавување политички реклами кои, според многумина, биле доста често лажни и полни со дезинформации.

„Во последните неколку недели, со нивната работа, војводата и војвотката од Сасекс покажаа солидарност со компаниите кои ја осудија работата на 'Фејсбук' и нивната нецензура на говорот на омраза и ширењето дезинформации“, пишува магазинот „Пипл“, повикувајќи се на извор близок на двојката.

За да се заштитат највисоките социјални вредности, слободата, еднаквоста и правдата, претставниците на многу корпорации се повикуваат да не се рекламираат преку „Фејсбук“ и со тоа да испратат силна порака дека промовирањето на расизмот, антисемитизмот или насилството не се исплаќа. На повикот се одзваа многу корпорации, како Кока-Кола, Хонда, Левис и други, пренесува klix.

Основачот на „Фејсбук“ истакна дека оваа социјална мрежа ќе ги означи сите постови поврзани со изборите со посебен линк што ќе ги води корисниците до страницата со информации за изборите во САД.

Исто така, ќе ја прошири својата дефиниција за говорот на омраза, но исто така ќе ги забрани сите реклами кои означуваат друга демографска група како опасна.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.