Џони Деп ја нападнал сопругата во авион, тврди адвокатот на „Сан“

Холивудската ѕвезда Џони Деп ја удрил поранешната сопруга Амбер Херд на приватен лет во пијана состојба затоа што верувал дека има афера со актерот Џејмс Франко, според тврдењето на тимот адвокати на британски „Сан“.

Деп, во судскиот процес за клевета против британскиот таблоид „Сан“ кој тој го покрена поради статија во која весникот го опишува како женотепач, негираше дека ја нападнал Херд, обвинувајќи ја неа дека таа е агресорот, и дека тој само се обидувал да ја смири.

Во текот на првите два дена од она што се очекува да биде тринеделен процес во лондонскиот Висок суд, тимот што го застапува таблоидот тврдеше дека Деп пиел и се дрогирал. Адвокатите исто така говореа и за неговиот однос со Херд со коа се ожени во 2015 година. Таа поднесе барање за развод 15 месеци подоцна.

Во средата, главниот протагонист во „Пиратите од Карибите“ беше обвинет за напад врз сопругата при лет од Бостон за Лос Анџелес, по наводна караница за Џејмс Франко, кој глумеше со неа во филмот „Дневниците на Адерал“.

За време на летот, „Деп ја навредувал Херд со погрдни зборови, рекол дека сака секс помеѓу снимање на кадри и ја нарекол курва“, рече Саша Вас, адвокат на „Сан“.

„Во слеп бес, тој ја удрил по грбот додека се обидувала да се оддалечи од него и ѝ удри шлаканица по лицето, рече Вас.

Деп ги негираше обвинувањата.

„Јас не сум насилна личност, особено со жени“, изјави тој во судницата во средата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.