Џеда Пинкет и Вил Смит срушија рекорд на гледност на „Фејсбук воч“во првите 24 часа

Нов рекорд: Џеда Пинкет Смит, сопругата на холивудскиот актер Вил Смит, постави нов рекорд на гледаност во првите 24 часа од емитувањето на нивното јавно соочување на Црвената маса за видеоплатформата „Фејсбук Воч“.

Џеда се отвори за видеосервисот „Воч“, каде што јавно дискутираше за бракот со Вил и за нејзината афера со Август Алсина.

Во рок од 16 часа откако Џеда се исповеда во таканаречениот „Разговор на црвената маса - кажи сè“, истиот беше гледан повеќе од 12 милиони пати, објави „Варајати“.

Во 12-минутната епизода од интимната серија на црвената маса, Џеда (48) и Вил (51) ја споделија вистината позади гласините за нејзината наводна врска со младиот пејач.

Шокантната исповед доаѓа набрзо откако двајцата актери го негираа тврдењето на Август дека самиот Вил му дал благослов да започне врска со неговата сопруга бидејќи тие имаат отворен брак.

Во петокот, познатиот холивудски пар седеше на иста маса. Тие уште еднаш ја потврдија својата посветеност еден на друг.

Џеда рече дека таа и Вил го запознале пејачот преку нивниот син и дека тој бил многу болен. „И сè започна со тоа дека му треба помош, сакав да му помогнам за неговото здравје, неговата ментална состојба.

„Првично беше за неговото здравје. Најдовме различни ресурси за да му помогнеме, а јас и ти поминувавме низ тешко време во нашиот брак,“ му рече Џеда на Вил.

Потоа Вил призна: „Јас тогаш завршив со тебе“, додека Џеда додаде дека тие решиле да се разделат на некое време. По се изгледа дека врската со младиот пејач се случила токму во тој период.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.