Најстариот син на Бекамови ја побара девојката за своја сопруга со прстен од 200.000 долари

Синот на славната двојка Викторија и Дејвид Бекам, Бруклин (21) ја побарал за сопруга својата девојка Никол Пелц, а медиумите пишуваат дека свршеничкиот прстен чини 200 000 долари.

Бруклин е најстариот син на Бекамови, а странските медиуми навеедувааат дека прстенот што го купил за својата свршеница има од 4,5 до 5 карати.

Таков прстен имаат Џенифер Лопез, Амал Клуни и Џенифер Лоренс, пренесува британски „Мирор“.

https://www.instagram.com/p/CCgN-Vel63f/?utm_source=ig_embed

„Ја замолив мојата душа да се омажи за мене и таа рече ’да’. Јас сум најсреќниот човек на светот. Ветувам дека еден ден ќе бидам најдобриот сопруг и татко“, напиша Бруклин на Инстаграм.

„Среќна сум што можам да те наречам мој“,  кратко одговори Никол.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.