Сестрата на Мараја Кери ја тужи нивната мајка за наводна сексуална злоупотреба

Алисон Кери (57), постарата сестра на пејачката Мараја Кери, ја обвини својата мајка Патриша дека ја принудувала на сексуален акт со непознати лица на возраст од 10 години, а во четвртокот поднела тужба во Врховниот суд на државата Њујорк, објави британски „Сан“.

Весникот открива дека во тужбата е наведено: „Обвинетата, која што е мајка на тужителот, дозволила и охрабрила машки лица чиј идентитет во моментов е непознат да вршат сексуален акт или сексуално задоволување, како што е дефинирано во казнениот закон во Њујорк, поточно присилно допирање и  сексуален напад од прв степен, додека тужителот бил на возраст од околу 10 години.

Алисон (57), која претходно била проститутка и е ХИВ позитивна, во документите тврди дека ѝ е дијагностицирано посттрауматско стресно нарушување и депресија како резултат на наводната злоупотреба.

Алисон беше уапсена во 2016 година поради проституција, Таа тогаш сними видео за „Дејли мелл“, во кое апелираше до нејзиното славна сестра за помош.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.