Жерард Батлер спортува во исчекување на премиерата на својот нов филм

Холивудскиот заводник Жерард Батлер создаде навика да сурфа на брановите на Малибу како начин да остане активен за време на пандемијата на Ковид-19.

Во неделата попладне тој реши да се одмори од плажа и да се префрли на копно за да вози велосипед во близина на Тихиот Океан. За време на својата екскурзија, шкотскиот актер (50) уживаше во прекрасните глетки и во уште еден пријатен летен ден во Јужна Калифорнија.

Ограничувањата на движење и другите превентивни мерки за лична безбедност сè уште се во сила во Лос Анџелес како последица на многуте нови случаи на коронавирус, а холивудските студија беа принудени да одложат повеќе продукции и премиери.

Американската премиера на најновиот филм на Батлер, „Гренланд“, беше одложена трипати летово и сега се очекува на 25 септември.

Апокалиптичната семејна драма во режија на Рик Роман Ваг веќе премиерно се претстави во Белгија и Франција, а во Скандинавија е закажана за 12 август.

„Гренланд“, во кој глумат Морена Бакарин и Скот Глен, е апокалиптична сторија за распаѓачка комета која паѓа на земјата срамнувајќи цели градови, што резултира во хаос и лудило во целиот свет.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.