Путин објави слика на која јавајќи на мечка ја носи вакцината против коронавирусот

Рускиот претседател Владимир Путин, на својот официјален фејсбук профил објави шеговита слика, на која како спасител, јавајќи на мечка, на светот му ја носи вкацината против новиот коронавирус.

Во прилог на монтираната слика, напишан е и краток текст во кој рускиот претседател истакнува дека Русија го спасува светот, бидејќи вакцината, ќе биде достапна и во повеќе други земји.

Moнтирана слика од претседателот Путин се појави и на насловната страница на францускиот весник „Либерасион“ каде тој е облечен како Џејмс Бонд, но наместо пиштол, во раката држи шприц - јасна алузија на вестите дека Русија ја регистрирала првата вакцина против Ковид-19.

Today's @libe on Vladimir Putin's announcing a Russian anti-#Covid vaccine. 'Tomorrow never dies', says the headline, quoting a #JamesBond movie. I'd rather freak out than be reassured looking at that syringe. #coronavirus #COVID19 pic.twitter.com/CSUWkMCUWL

— Gian-Paolo Accardo (@gpaccardo) August 12, 2020

Додека западниот свет покажува многу скептицизам, па дури и отворено ги критикува Русите дека, поради нетранспарентноста, не може да се верува во безбедноста и ефикасноста на вакцината наречена спутник V, руските научници се убедени во делотворноста на нивната вакцина и ја најавуваат следната фаза кон тоа таа да стане јавно достапна.

Вакцината е развиена од московскиот институт „Гамалеја“, а името спутник V е референца за изненадувачкото лансирање на првиот светски сателит од Советскиот Сојуз во 1957 година. Таа допрва треба да помине низ клучните испитувања од третата фаза кога би ја примиле илјадници луѓе.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.