Амбер Херд се противи на обидот на Џони Деп да одложи судски процес

Амбер Херд вербално го нападна поранешниот сопруг Џони Деп, откако тој побара од американски судија да ја одложи правната битка од 37 милиони фунти - случајот за клевета против неа – со образложение дека треба да снима филм.

„Деп треба да го стави во мирување неговиот следен филм, наместо да ја одложи битката за клевета од 37 милиони фунти“, изјави поранешната сопруга Херд.

Холивудскиот актер (57), ја тужи Херд (34) во САД поради нејзиното тврдење дека ја тепал. Ова е одделен случај од оној во Велика Британија каде што тој покрена тужба за клевета против News Group Newspapers (NGN).

Деп побара судот во Вирџинија да го одложи судењето за датум помеѓу март и јуни 2021 година, бидејќи тој треба да започне со снимање на ново продолжение на серијалот „Фантастични ѕверови“ во јануари.

Снимањето требаше да започне во јануари оваа година, но беше прекинато поради епидемијата на коронавирус.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.