Мајли Сајрус го обвини директорот на „Ем-ти-ви“ за сексизам

Поп-sвездата Мајли Сајрус за американските медиуми изјави дека се сретнала со сексистички коментари од директорот на МТВ, за време на нејзиниот настап на годинашното доделување на Ем-ти-ви видео музичките награди.

„Ги замолив да ги исклучат светлата за убавина, затоа што тие светла никогаш не би се вклучиле доколку некој маж настапи. Дури не станува збор за тоа, едноставно не ми беа потребни затоа што не го замислував мојот настап на тој начин. Директорот на „Ем-ти-ви“ тогаш ми рече дека ќе ме третира како маж“, изјави Мајли за „Џо Роган икспириенс“.

Мајли исто така имаше лоша среќа за време на нејзиниот настап, поради што сакаше да повтори сè, но веќе имаше конфликт меѓу неа и режисерот.

„Тогаш се изнервирав бидејќи нараквиците ми се заплеткаа во костимот и ми беше тешко да се движам, затоа сакав да повторам, а директорот ми рече дека такво нешто никогаш нема да им се случи на мажите и дека ако сакам да ме третираат како маж, тогаш мора да го прават тоа цело време, а не само кога тоа ми одговара“, рече пејачката.

Мајли не сакала да го премолчи сето тоа, па одговорила на свој начин.

„Маж никогаш не би имал ваков перформанс затоа што не е должен да се соблече гол и да го подигне рејтингот на вашата програма“, одговорила пејачката.

Мајли, изведувајќи го својот нов хит на доделувањето на ММА наградите, го повтори својот контроверзен настап од 2013 година, кога јаваше на дискотопка целосно гола во спотот за песната „Wrecking ball“. За разлика од тогаш, Мајли овојпат беше целосно облечена. Сличност, сепак, постои.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.