Ева Лонгорија ги повика фановите да гласаат на изборите во ноември
- Детали
- Категорија: ШоуБиз
- Создадено: 22 Септември 2020
Ева Лонгорија Бастон ги повика своите следачи на социјалните мрежи да гласаат на претстојните претседателски избори.
Ева ја отвори виртуелната Демократска национална конвенција уште во август, имајќи предвид дека таа со години беше отворен политички активист на Демократите во САД.
А во понеделникот, 45-годишната актерка која глумеше во популарната серија „Очајни домаќинки“ докажа дека и во слободните денови, па дури и кога вежба во сала, продолжува со политички активизам - со селфи и порака.
Латино-убавицата, покажувајќи ги затегнатите стомачни мускули, им се обрати на своите осум милиони следачи на Инстаграм и ги повика да гласаат во ноември.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс