Анкета на YouGov: Луѓето во светот најмногу им се восхитуваат на Барак и Мишел Обама
- Детали
- Категорија: ШоуБиз
- Создадено: 25 Септември 2020
Анкетата на лондонскиот Институт за истражување на јавното мнение YouGov, спроведена на 45.000 луѓе од 42 земји, открива на која жена и маж во светот луѓето најмногу им се восхитуваат. Барак и Мишел Обама добија најмногу гласови.
Списокот од 20 мажи и 20 жени се состои од имиња на луѓе од сите сфери на животот, од светот на политиката, забавата, музиката, спортот, преку актерството до деловниот сектор.
YouGov пишува дека ова е првпат поранешниот американски претседател да се најде на врвот на списокот на машки кандидати откако во 2014 година е покренато истражувањето World's most admired.
Основачот на Мајкрософт, милијардерот Бил Гејтс, е на второто место оваа година, а минатата година беше прв на листата. Трет човек на листата оваа година е кинескиот претседател Ши Џјинпинг.
Кога станува збор за жените, испитаниците и оваа година најмногу ѝ се восхитуваат на поранешната прва дама на САД Мишел Обама.
Актерката Анџелина Џоли го зазеде второто место, а британската кралица Елизабета Втора третото. Минатата година на второто место беше американската водителка Опра Винфри, а на трето Анџелина Џоли.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс