Ана де Армас со пријателка на ручек на калифоринската „Венеција“

Актерката Ана де Армас во четвртокот беше видена како руча со една пријателка во вегетаријанскиот ресторан The Butcher’s Daughter на познатата плажа „Венеција“ во Калифорнија.

32-годишната Кубанка избра лежерна комбинација - бела блуза со куси ракави и црни панталони - за прошетка и попладневен оброк.

Помина повеќе од еден месец откако Ана е забележана со својот 48-годишен партнер Бен Афлек со кого се запозна на снимањето на еротскиот трилер „Длабока вода“.

Последен пат беа видени заедно на плажата „Венеција“ на 20 август.

Прекрасната Кубанка е Бонд-девојка во најновиот од серијалот филмови за тајниот агент 007 - „Нема време за умирање“.

Афлек наводно е во Ирска, каде што го снима „Последниот дуел“, во режија на Ридли Скот, со најдобриот пријател Мет Дејмон како втор главен протагонист. Во филмот е и актерот од „Војна на ѕвездите“, Адам Драјвер.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.