Том Хенкс финансиски помогнал да се снимат некои од иконските сцени на „Форест Гамп“

Во Холивуд е познат по тоа дека е многу добар човек, приземен и секогаш пристоен, а најново, дека е и дарежлив, откако откри  дека платил дел од трошоците за продукција на култниот „Форест Гамп“ од својот џеб.

Омилениот холивудски актер, режисер и продуцент Том Хенкс откри дека помогнал да се плати скапото патување на главниот лик низ целата земја откако режисерот на филмот од 1994 година, Роберт Земекис, го замолил да ги подели трошоците со него.

Во разговор со новинарот Грејм Бејсинџер (In Depth), Хенкс се присети: „Режисерот рече: Ова патување ќе чини икс сума долари. И тоа не беше ефтино. Му одговорив : Добро. Тој додаде: Јас и ти ќе ја поделиме таа сума.“

„Ние ќе ви ги вратиме парите, но вие момци и јас им рековме: Ние ќе го покриеме осигурувањето. И тоа го сторивме.“

„Форест Гамп“, филмска адаптација на истоимениот роман на Винстон Грум од 1986 година, освои шест „Оскари“ во најважните категории и три „Златни глобуси“. Комичната драма, сторија за млад човек со умствена попреченост, кој се издигнува над животот, се смета за класика на современата филмографија.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.