Вил Смит се врати на снимање како татко на сестрите Вилијамс

Вил Смит беше забележан во црна тренирка за време на снимањето на „Крал Ричард“ - биографски филм  за таткото на тенисерките Венус и Серена Вилијамс.

Тој ги игра таткото на тениските суперsвезди во филмот што ги следи нивните рани години како професионални спортистки.

А во понеделникот, Вил Смит се врати на локацијата во Лос Анџелес, каде снимаше сцени како Ричард Вилијамс, човекот кој ги тренираше своите ќерки и ги направи шампиони.

52-годишниот Смит со побелена брада наликува на Ричард во помладите години.

Ричард Вилијамс, кој сега има 78 години, им беше првиот тренер за тенис за Венус и Серена, почнувајќи да им одржува часови на јавни терени пред да наполнат пет години.

Серена го освои ЈуЕс Опен во 1999 година, додека Венус ја освои титулата во Вимблдон во 2000 година, лансирајќи ги сестрите во највисоките ешалони на овој спорт.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.