Афлек и Де Армас покажуваат дека се жешка холивудска двојка

Бен Афлек и Ана де Армас беа забележани на прошетка во Лос Анџелес оваа среда.

На 48-годишната холивудска ѕвезда и неговата 32-годишна девојка им се придружи еден пријател кога решија да направат пауза од самоизолацијата еден ден пред Денот на благодарноста.

Двајцата се запознаа додека го снимаа еротскиот трилер „Длабока вода“, во режија на Адријан Лин, познат по блокбастерите „Девет и пол недели“, „Фатална привлечност“, „Непристоен предлог“ и „Неверна“.

A неделава беа во Њу Орлеанс на доснимување сцени од „Длабока вода“, филмот кој всушност ги спои. На пауза од снимањето на нови сетови, папараците ги уловија како се бакнуваат на еден балкон.

Таблоидите веднаш го забележаа дијамантскиот прстен на нејзината лева рака, но не се знае дали е во склоп на улогата во филмот или пак можеби тајно се вериле.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.