Дали заврши ерата на холивудски блокбастери?

Во 2020 година, блокбастери вредни милијарди долари беа поразени од Ковид-19 поубедливо отколку од кој било негативец на екранот.

Многу, ако не и сите, предложени хит-филмови со буџет над 100 милиони долари се ставени во мирување.

Филмот за Џејмс Бонд „Не е време за умирање“ беше одложен двапати. Хитот на Дизни, „Мулан“, беше објавен на неговата стриминг-платформа наместо во киносала, и „Топ Ган: Маверик“ сè уште вози до никаде.

Дури и филмовите на Марвел, како што е „Црната вдовица“ - сигурни ѕвезди на сезоната на летни настани - се одлагаат на неодредено време, бидејќи студијата чекаат пандемијата да стивне и животот да се врати во нормала.

Но, иако хероите од големото платно во моментов не можат да го спасат светот, тие сепак можат да го спасат искуството на големиот екран, вели главната филмска критичарка на „Скрин Интернешнл“, Фин Халиган.

„Тоа е како да водиме натпревар во нетрепкање“, вели таа за застојот помеѓу филмските студија и киносалите. „Некој мора да трепне.“





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.