Дру Баримур ја извисил човек со кој контактирала преку апликација за запознавање познати личности

„Чарлиевиот ангел“ Дру Баримур и еден писател на комедии ја користеле апликацијата за запознавање со селебрити-личности и се договориле да се сретнат, но тој не се појавил на средбата.

45-годишната холивудска актерка, која, наводно, е сингл, откри дека имала непријатно искуство додека се обидувала да запознае некој преку неименувана апликација, и дека човекот, за кого рече дека е писател на комедии, не се појавил на датумот што го планирале.

Во разговор со Ники Глејзер во нејзиното „Дру Баримор шоу“, таа објасни: "Конечно, договорив состанок со едно момче. Тој ме извиси и не дојде во времето кога требаше да се сретнеме. И јас си помислив: Како можеше да биде кретен и да не откаже барем еден час претходно? Тоа ќе беше заштеда на време.

„Се чувствував толку глупаво.“

"Постојат големи мажи, таканаречени моќници, и јас секако, не сакав да излезам со некој таков.Никогаш не сум го направила тоа! Писател на комедии, тоа ми звучеше забавно".

И кога Ники се обиде да направи да се чувствува подобро сугерирајќи дека потенцијалниот додворувач наверојатно се заплашил од неа во последен миг, Дру инсистираше на тоа дека тој е некултурен.

Дру не откри за која апликација станува збор, но таблоидите коментираат дека дека нов хит е славните да бараат љубов преку елитни или заштитени апликации, што значи дека ако не сте славна личност, не можете да контактирате преку неа, па дури ни да прегледувате профили.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.