Евросонг 2021 дефинитивно ќе се одржи, вели Грејм Нортон

Презентерот на „Би-би-си“ Грејм Нортон пренесе одлична вест за љубителите на „Песна на евровизија“, а тоа е дека натпреварот ќе продолжи во 2021 година и покрај пандемијата на коронавирусот.

„Дефинитивно ќе има Евровизија ... натпреварувањето ќе се случи“, рече Нортон, кој го покрива настанот за британскиот јавен срвис.

Организаторите на натпреварот потврдија дека Евросонг дефинитивно ќе се одржи оваа година. Ќе може да се користат претходно снимени изведби ако изведувачите не можат да патуваат до Ротердам или ако да мора да се изолираат по нивното пристигнување таму.

Минатогодишниот натпревар беше откажан поради пандемијата. Во Велика Британија беше заменет со специјална програма со осврт на историјата на настанот, вклучително и гласање за најголемата евровизиска песна на сите времиња.

Нортон за американското радио „Сириус икс-ем“ изјави: Aко некои уметници не се во можност да допатуваат во Холандија во 2021 година, можат да ја зумираат изведбата. Се сомневам дека ќе бидеме на стадион полн со 20.000 луѓe.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.