Еве како тајванската ТВ-ѕвезда Ди Ксу ја одржува својата витка фигура

Нејзините фанови можеа да ја видат на светската турнеја на тајванската пејачка Џолин Цаи како последна селебрити-гостинка. Но, популарната ТВ-водителка и актерка Ди Ксу, освен што се појави во дрзок стил, создаде и врева за нејзината витка фигура.

За да ја постигне и одржува својата идеална тежина таа редовно вежба, а тренингот вкучува аеробно вежбање и дигање тегови. За оние кои не можат да најдат мотивација за тренинг во сала за вежбање, зошто да не го пробаат методот на Ксу и да најдат убав инструктор, коментираат таблоидите.

Ксу е страствен обожавател на танцување, без оглед на стилот и формата. Зумба, кој комбинира елементи на латински танц со висок ритам, ѝ е особено омилен.Таа порано велеше дека Зумба е мешавина од разни стилови на танцување што ги тренира срцето и белите дробови, а исто така е забавна и создава зависност.

Ксу не само што е вешта во танцување, туку е и професионална во бадминтон. На нејзиниот Инстаграм-профил, фановите можат да забележат дека таа го сака овој спорт и дека во изминатите години постојано игра против пријатели.

Tаа вели дека не дозволува ниту едно шатл-перце да падне на земја, потврдувајќи колку страст внесува во танцот и во бадминтонот. И со фотографии од бадминтон, нетџиите можат да видат како 42-годишната селебрити сè уште го одржува својот младешки изглед и дух.

Ксу се придржува кон навиките за здрава исхрана. Најчесто, нејзииот оброк се состои од варено јајце, неколку мали парчиња месо, зеленчук и мало парче тофу. Кога ќе почувствува глад ноќе, таа пие една чаша овесен напиток без шеќер, кој има малку калории и заситува.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.