„Вондер воман 1984“ трета недела на врвот на боксофисот во Северна Америка

Вториот дел од трилогијата за жената-чудо е филм со најголема заработка на киноблагајните во време на пандемија, по неговото деби на Божиќ.

Трет викенд по ред, „Вондер воман 1984“ го задржува првото место на северноамериканскиот боксофис.

Филмот изминатиов викенд заработи нови 3 милиони долари, што е за 47 проценти помалку од минатата недела.

Блокбастерот со Гал Гадот во главната улога досега има заработено кумулативни 32,6 милиони долари на домашен терен. По одлука на студиото „Ворнер брос“, новиот филм за суперхероината Дајана Принс премиерно се прикажа и на стриминг-сервисот „Ејч-би-о макс“.

А што се однесува до некои податоци за филмската индустрија генерално, бруто приходите драматично паднаа изминатиов викенд - деновите кои медиумите ги нарекоа „мрачен викенд“ за киносалите.

Некои портали објавија дека вкупните приходи паднале за 93 проценти во споредба со истиот викенд пред пандемијата во 2020 година.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.