Двејн Џонсон сподели видео со најмалата ќерка: „Вакви моменти го забавуваат времето“

Тој глумеше во бројни блокбастери во последните неколку години, вклучувајќи ги „Брзи и бесни: Хобс и Шо“, „Облакодер“ и „Џуманџи: Добредојдовте во џунглата“.

А во неделата Двејн Џонсон покажа многу поинтимна страна од себе кога сподели видео на Инстаграм на кое се гледа како игра со неговата најмала ќерка, двегодишната Тијана.

Дуото татко-ќерка се забавува со неколку кадифени играчки што лежат низ куќата. Тијана наоѓа портокалова маска за лице и ја стави на лицето на тато.

Поранешниот професионален борач носи сиви тренирки и маица што ги истакнува неговите импресивно извајани раце.

На почетокот на видеото, Тијана му подава кадифено маче, на што тој ја прашува: Може ли да да го земам моето омилено маченце? Таа му ја дава играчката, и кога тато ја прашува како се вика мачето, таа одговора: Паплс.

Ѕвездата од „Брзи и бесни“ под видето напиша и порака: Едноставно уживам во ова без оглед колку сме сите зафатени - вакви моменти го забавуваат времето до ползење ...





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.