Кралицата и принцот Филип примиле вакцини против коронавирусот

Монархињата Елизабета Втора и принцот Филип примиле вакцина против коронавирусот, потврди Бакингемската палата.

Кралицата и нејзиниот сопруг биле вакцинирани во замокот Виндзор во саботата.

На 9 јануари портпаролот на палатата соопшти: „Кралицата и војводата од Единбург денес примија вакцини против Ковид-19. Домашниот доктор во замокот Виндзор ги вакцинира, а со цел да се спречат неточности и понатамошни шпекулации, нејзиното височество сака да даде до знаење дека ја примила вакцината“.

„Сандеј тајмс“ претходно објави дека кралицата и војводата од Единбург се очекува да бидат меѓу првите што ќе примат вакцина. Извори во монархијат наводно рекле дека станува збор за лична одлука и приватна работа, но се смета дека доколку монархињата ја прими вакцината, нејзината јавна поддршка ќе биде моќен противник на движењето против вакцинација.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.