Шакира ги продаде правата на своите песни

Шакира e последна во низата уметници кои ги продаваат правата на својата музика за сума од повеќе милиони долари.

Целиот опус - 145 нејзини песни - вклучително и Hips Don’t Lie, Whenever, Whenever и She Wolf, се вклучени во договорот.

Песните ја направија најпродавана жена латино уметник на сите времиња, со продадени 80 милиони плочи во светски рамки.

Договорот е склучен со инвестициската компанија „Хипгнозис сонг фанд“ која исто така неодамна ја купи музиката на Блонди и Нил Јанг.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.