Дијана на врвот на листата со имиња за новото бебе на принцот Хари и Меган

По објавата на војводата и војвотката од Сасекс дека Меган е бремена со второ дете, веќе се вртат шпекулации и обложувања кај британските букмејкери за името на новиот член на нивното семејство.

Придржувајќи се на преседанот „А“ поставен од нивното прво дете, Арчи Маунтбатен-Виндзор, „Мејл онлајн“ објави дека Алфи и Александра се актуелни фаворити според британската обложувалница „Ледброукс“, и двете со коефициент 4-1.

Алекс Апати од „Ледброукс“ изјави: „Големи честитки за Хари и Меган за веста за бременоста - секако целото внимание сега ќе се сврти кон играта со името, а како што стојат работите, Алфи и Александра водат во обложувалниците… Арчи беше модерен пресврт на традиционалното име, па затоа не е изненадување што Чарлс / Чарли се исто така горе на листата со коефициент 5-1“.

Како и Чарлс, што би било изразување почит за таткото на принцот Хари, други имиња во игра се Елизабета и Филип, бабата и дедото на принцот Хари, обете со коефициент 6-1.

Името Дијана, како почит за покојната мајка на Хари, има неверојатен коефициент од 10-1.

Војводата и војвотката од Сасекс со нивниот син, Арчи.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.