Глен Медеирос: Сексуалните услуги беа норма во музичката индустрија

Пoранешната поп ѕвезда Глен Медеирос откри дека многу млади пејачи биле проморани на секс доколку сакале да напредуваат во својата кариера.

Непристојните предлози беа норма во музичкиот шоу-биз, изјави Глен, како што пренесува британски „Би-би-си“.

Глен тврди дека тој и други уметници честопати биле прашани дали сакаат да имаат секс со моќни фигури во музичката индустрија за возврат да им помогнат во кариерата.

Медеирос, кој се прослави во 1988 година кога го преработи хитот на Џорџ Бенсон Nothing’s Gonna Change My Love For You, рече дека одбил многу понуди за сексуални врски, но други се согласиле.

„Го гледавте тоа насекаде“, рече Медеирос, кој е сега директор на училиште на Хаваите.

"Дали тоа ќе направеше да бидам поуспешен во мојата кариера? Потенцијално да. Но, јас не бев подготвен да го сторам тоа".

„Имав пријатели кои конкретно ми рекоа: Ќе се преселам кај оваа личност затоа што оваа личност ќе ми помогне во кариерата и во снимањето.“

„Никогаш не сум го направил тоа и се чувствувам горд, но во исто време можам да разберам зошто други се согласиле. Се сеќавам дека разговарав со некои од моите пријатели кои ми рекоа: Лицето е привлечно и во секој случај ми се допаѓа, затоа е во ред.“

„Би-би-си“ потсетува дека тој го напушти музичкиот бизнис во средината на 90-тите години за да стане учител и сега е директор на училиштето „Сент Луис“ во неговиот роден Хаваи.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.