Интимната исповед на принцот Хари и Меган ќе се емитува на 7 март

Војводата и војвотката од Сасекс јавно ќе проговорат за својата одлука да ја напуштат монархијата во ТВ-интервју што ќе го води нивната блиска пријателка Опра Винфри.

Интервјуто насловено „Опра со Меган и Хари: Си-би-ес прајмтајм спешл“ е опишано од американската телевизиска мрежа како „интимен разговор“ што ќе се емитува во ударен термин на 7 март.

Одлуката за ваков разговор доаѓа нешто повеќе од една година откако двојката објави дека решиле да го напуштат кралскиот живот и дека сакаат да работат за да станат финансиски независни. Тие ги извршија своите последни официјални кралски должности минатиот март.

Не е познато дали Хари и Меган го известиле кралското семејство за нивните планови за интервју. Бакингемската палата одби да коментира. Исто така, не е познато кој радиодифузер, доколку го има, ќе го прикаже интервјуто во Велика Британија.

Хари и Меган се венчаа во замокот Виндзор во мај 2018 година.

Винфри беше гостинка на нивната венчавка (2018).





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.