Двејн Џонсон – можен кандидат за иден претседател на САД

Двејн Џонсон призна дека е отворен за идејата да се кандидира за Белата куќа - но само ако народот сака тој да се пресели во политиката.

48-годишна филска ѕвезда за весникот „Ју-ес тудеј“ изјави: Јас би размислил за претседателски кандидат во иднина, ако тоа е она што луѓето го сакаат. Навистина го мислам тоа, и не сум несовесен на кој било начин со мојот одговор. Тоа ќе зависи од луѓето. Ќе почекам и ќе слушам.“

Двејн претходно сугерираше дека може да го предизвика Доналд Трамп за претседател на изборите во 2020 година. Акционата sвезда призна дека бил воодушевен од поддршката што ја добил од фановите.

"Навистина ме одушевија. И тоа е толку ласкаво. Треба да се запрашаме зошто. Мислам дека тоа е затоа што многу луѓе сакаат да видат поинакво лидерство денес, не поинакво, туку подобро лидерство.“

Светските медиуми потсетуваат дека некогашниот професионален борач, а сега омилен актер, доби голема поддршка откако навести дека би сакал да стане претседател еден ден.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.