Фудбалкската икона Пеле изгубил трага за тоа колку деца има

Пеле бил татко на толку многу деца, што не бил свесен дека некои од нив дури и постојат.

80-годишната фудбалска икона беше во брак три пати, но признава дека имал афери, и дека во еден момент од животот изгубил трага за сопствените деца.

„Искрено, имав неколку афери, од кои некои резултираа со деца, но дознав за нив подоцна,“ рече Пеле.

Спортската легенда има пет деца - Кели (54) Едињо (50), Џенифер (42) и близнаците Џошуа и Селест( 24) - од неговите први два брака, како и повеќе деца од различни афери.

Сепак, во новиот документарец на „Нетфликс“ насловен „Пеле“, фудбалската sвезда инсистира на тоа дека бил искрен со своите жени и девојки за своите афери.

"Мојата прва сопруга, прва девојка, знаеше за тоа. Никогаш не лажев,“ рече тој.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.