Почина Ѓорѓе Балашевиќ

Познатиот српски и југословенски кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ почина денеска на 67-годишна возраст.

Балашевиќ бил примен на Инфективната клиника пред три дена, каде се лекуваше од пневмонија.

Тој имал проблеми слични на оние што ги предизвикува коронавирусот пред десетина дена, но се јавил на лекар кога се влошиле.

Ѓорѓе Балашевиќ е роден на 11 мај 1953 година во Нови Сад. Има издадено повеќе албуми.

Во 1977 откако станал дел од групата Жетва, во истата година го издаваат синглот „У раздељак те љубим“ и со тоа го остварува првиот свој успех. Синглот е продаден во 180.000 примероци, што за тоа време претставувало голем успех.

Балашевиќ честопати одржуваше концерти и во Скопје.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.