Џејмс Франко постигна спогодба со две жени во врска со обвинувањата за сексуално вознемирување

Актерот Џејмс Франко и неговите партнери во „Плејхаус вест студио 4“ – кое беше отворено во 2014 година и затворено три години подоцна - беа тужени од Сара Тајтор-Каплан и Тони Гал, кои тврдат дека обвинетите се занимавале со несоодветно, непримерно сексуално насилно однесување кон студентки со тоа што ја сексуализирале нивната моќ како учители и работодавачи со условување за улоги во нивни проекти.

Но,  документите доставени до судот откриваат дека е направена спогодба.

Двете страни поднесоа заеднички статусен извештај до Врховниот суд во Лос Анџелес, кој открива дека и двете жени се откажале од своите индивидуални побарувања.

Ова доаѓа откако Џејмс поднесе приговор на тужбата.

Според судските документи, во писмениот приговор се наведува: „Иако непристојните наводи во тужбата направија храна за таблоидите, тие се исто така лажни, правно неосновани и донесени непрописно во форма на колективна тужба, главно за да се придобие што е можно повеќе публицитет.Овој судски процес е травестија на правдата и кулминација на една безвредна кампања која неправедно извалка тешко заработен углед на пристоен човек.“





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.