Џоди Фостер мислела дека згрешиле кога го кажале нејзиното име за награда „Златен глобус“

58-годишната актерка, која доби почесна награда на церемонијата „Златни глобуси“ во 2012 година и ја освои наградата за најдобра актерка во 1992 година, беше видно шокирана доцна синоќа кога  ѝ беше кажано дека ќе биде прогласена за најдобра споредна актерка за својата работа во трилерот „Мавританецот“.

Филмот ја раскажува вистинската приказна за Мохамеду Улд Салахи, кој бил по грешка држен во тајниот затвор Гвантанамо без обвинение и судење цели 14 години.

Други номинирани за споредна улога беа Глен Клоус (Хиблили елеџи), Оливија Колман (Таткото), Аманда Сејфрид ( Манк) и Хелена Зенгел (Вести од светот).

Облечена во пижами и седната покрај нејзината сопруга Александра Хедисон на софа, Џоди извика кога беше објавено нејзиното име: „О, Боже, дали се шегувате со мене? Мислам дека згрешивте.“





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.