„Круната“ со четири награди на годинешните „Златни глобуси“

Кралската драма на „Нетфликс“ освои една од најголемите почести на вечерта - најдобра телевизиска серија, драма, додека членовите на актерската екипа Џош О'Конор, Ема Корин и Џилијан Андерсон добија актерски признанија на церемонијата во неделата вечерта, што се одржа во две локации - Њујорк и Лос Анџелес – а победниците ги прифаќаа наградите од дома.

Од телевизиските награди, за најдобрата серија од жанрот драма беше прогласена „Круната“. Како главни актери во серија - Ема Корин и Џош О Конор - кои ги играат принцезата Дијана и принцот Чарлс, ги освоија главните актерски награди во оваа категорија.

Џилијан Андерсон освои награда за најдобра споредна женска улога во ТВ-серија за нејзиното портретирање на премиерката Маргарет Тачер.

За најдобра мини-серија е прогласена „Дамски гамбит“, а главната актерка во серијата, Ана Тејлор-Џој, исто така доби Златен глобус за најдобра актерка во лимитирана серија. Марк Рафало е прогласен за најдобар актер во категоријата мини-серии.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.