Доли Партон прими вакцина против Ковид-19

Иконата на американската кантри музика ја прими првата доза на вакцината против Ковид-19

75-годишната Доли Партон, која донираше 1 милион долари за развој на вакцина протов коронавирус, беше воодушевена што ја прими вакцината на „Модерна“.

Споделувајќи фотографија на социјалните мрежи, таа напиша: „Доли добива доза од сопствениот лек“.

Минатата година, познатата пејачка и текстописец изјави дека се чувствува многу почестена и горда што донирала пари за истражување на една од најперспективните вакцини против ковид-19.

Во февруари, 75-годишната пејачка инсистираше на тоа дека ќе ја чека својата вакцина против коронавирус, бидејќи не сака луѓето да мислат дека е тоа шоу.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.