Се снима документарец за Џенет Џексон

Животот и кариерата на Џенет Џексон ќе се истражува во четиричасовен документарен филм што треба да се емитува A&E Networks.

„Џенет“ ќе се прикажува две ноќи на „Лајфтајм“ и A&E следната година, пренесува „Дедлајн“.

Документарецот, кој се снимаше три години, ги бележи успоните и падовите во личниот живот на Џенет, како и нејзиниот музички успех.

Продуцентскиот тим доби пристап до досега невидени домашни видеа и архивски снимки од Џенет.

Филмот ќе даде интимен поглед во животот на Џенет и ќе опфати теми како смртта на нејзиниот брат Мајкл, раѓањето дете подоцна, и нејзиниот настап во „Супербол 2004“ со Џастин Тимберлејк.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.