Совршен зимски стајлинг: Оливија Палермо на прошетка во Њујорк

Таа стана славна личност благодарение на популарното реалити-шоу The City („Градот“) кое почна да се емитува на „Ем-ти-ви“ во 2008 година.

И повеќе од една деценија подоцна Оливија Палермо таа слава ја искористи како моден инфлуенсер и популарна блогерка која поставува модни трендови.

Во четвртокот таа беше забележана како ги покажува своите модни акредитиви на секојдневна прошетка во Њујорк во џемпер во боја на камила и син капут - урбана и гламурозна икона на стилот – коментираат таблоидите.

 

 

Каде и да оди, на прошетка или на модна свеченост, таа секогаш изгледа беспрекорно.

Модната инфлуенсерка (35), која ја нарекуваат модна икона на денешницата, е основачка на групацијата „Оливија Палермо“.

Палермо е едно од најфотографираните лица во светот на модата и важи за трендсетерка чиј стил го копираат илјадници девојки од целиот свет.

 

 

Има над 6.5 милиони следачи на социјалните мрежи и редовно објавува тренди облека, дизајнерски креации и лајфстајл-производи. Нејзиниот моден стил одушевува поради урбаната елеганција и умешното спојување на различни стилови.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.