„Тој беше моја сила и прибежиште, му должиме многу“

На официјалниот профил на „Инстаграм“ на британското кралско семејство е објавена порака по повод смртта на принцот Филип, сопругот на кралицата Елизабета Втора.

Во него се цитира изјавата на кралицата од 1997 година на прославата на годишнината од нивниот брак.

„Тој едноставно беше моја сила и прибежиште сиве овие години, и јас, и целото негово семејство, и оваа и многу други земји, му должиме повеќе отколку што некогаш би барал или што некогаш ќе дознаеме“, рече кралицата во таа прилика, а денеска беше реобјавено како порака на Елизабета по повод смртта на нејзиниот сопруг .

View this post on Instagram

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)

Објавата на социјалните мрежи вклучува и заедничка фотографија од кралицата Елизабета Втора и принцот Филип.

Војводата од Единбург помина скоро седум децении со кралицата, а во соопштението се додава: „На крунисувањето на кралицата Елизабета Втора во 1953 година, принцот Филип се заколна дека ќе биде „поданик и поддршка на нејзиното височество“.

Сопругот на британската кралица Елизабета Втора, принцот Филип, почина вчера на 99-годишна возраст.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.