Бил и Мелинда Гејтс ќе продолжат да ја водат нивната фондација

Бил и Мелинда Гејтс, кои водат една од најголемите светски филантропии, се разведуваат по 27 години брак, објавија светските медиуми.

И двајцата го објавија разводот на Твитер во исто време.

„После многу размислување и многу работа на нашата врска, донесовме одлука да го прекинеме нашиот брак“, напишаа тие. Бил Гејтс, ко-основач на софтверскиот гигант „Мајкрософт“, има проценета нето вредност од 130,5 милијарди долари, и е рангиран на четвртото место на листата на „Форбс“ за најбогати луѓе во светот.

Гејтсови ќе продолжат да ја водат нивната фондација, една од најголемите во светот, дури и по нивниот развод.

Тие твитнаа дека заедно ќе продолжат да ја водат фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“, чија мисија е да им овозможи на сите луѓе да водат здрав, продуктивен живот.

„Продолжуваме да споделуваме верба во таа мисија и ќе ја продолжиме нашата заедничка работа во фондацијата, но повеќе не веруваме дека можеме да растеме заедно како двојка во следната фаза од нашите животи“, се нвдува во твитот.

Според барањето за развод поднесено од страна на Мелинда Гејтс, во кое имаше увид порталот „ТМЗ“, парот потпишал спогодба. Таа не бара никаква сопружничка поддршка. Во нејзиниот поднесок до суд, таа го нарече бракот „неповратно скршен“. Бил Гејтс поднесе свој таков документ, што значи дека го поддржува раскинувањето на бракот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.