(Видео) Специјалната епизода на „Пријатели“ ќе се емитува на 27 мај

Долгоочекуваната дружба на актерите од хит-серијата „Пријатели“ ќе се емитува на 27 мај и ќе има голем број славни гости: Џастин Бибер, Лејди Гага, К-поп бендот „БТС“, Џејмс Корден, Дејвид Бекам, Синди Крафорд и други, соопшти стриминг-платформата „Ејч-би-о макс“ во четвртокот.

Специјалната епизода Friends: The Reunion, со шесте актери од оригиналата екипа, првично требаше да се снима пред повеќе од една година, но постојано се одложуваше поради пандемијата.

Ненапишаната, еднократна „спешл“ - специјална епизода без подготвено сценарио - беше снимена претходно оваа година на истата сцена во Лос Анџелес каде што се снимаше и оригиналната ТВ-серија за малата група 20-годишници, кои ги глумеа Џенифер Анистон, Лиза Кудроу, Кортни Кокс, Дејвид Швимер, Мет Лебланк и Метју Пери.

Официјалниот трејлер не открива многу, а на него ги гледаме шесте главни ликови како одат заедно кон студиото во кое се снимаше култната серија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.