Почина актерот Кларенс Вилијамс Трети

Американскиот актер Кларенс Вилијамс Трети, најпознат по улогата на полицаец Линк Хејс во крими-серијата The Mod Squad, почина на 81-годишна возраст во неговиот дом во Лос Анџелес, од последица од рак на дебелото црево, неговиот претставник Пег Донеган соопшти во неделата.

Вилијамс е роден во Њујорк на 21 август 1939 година.

Кариерата на Вилијамс во театар, телевизија и филм траеше повеќе од пет децении.

Во Америка, тој се прослави со улогата во американската крими серија The Mod Squad, во која играше заедно со Мајкл Кол и Пеги Липтон. Серијата се емитуваше на Еј-би-си од 1968 до 1973 година.

Филмската публика го памети и по улогата на таткото на Принс во Purple Rain, по улогата на агентот на ФБИ Роџер Харди во ТВ-серијата Twin Peaks, како добар полицаец во Deep Cover, исто така доби улога во филмот Sugar Hill со Весли Снајпс, и многу други улоги.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.