Кантри-ѕвездата Кери Андервуд ја однесе дома наградата Видео на годината за „Алелуја“

Кери Андервуд триумифираше во средата вечерта на големото финале на наградите за кантри-музика, CMT Music Awards 2021, освојувајќи ја најпрестижната и најпосакувана награда, Видео на годината.

Американската пејачка и текстописец беше почестена за нејзиното дует-видео Hallelujah („Алелуја“), во кое се појавува со Џон Леџенд, кој не беше во можност да стигне во Нешвил за церемонијата.

Водител на долгогодишната церемонија на доделување награди за кантри-музика беше Кејн Браун, втора година по ред, и Келси Балерини, која дебитираше како домаќин.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.