Метју Пери го продаде раскошниот пентхаус во Лос Анџелес

По многуте намалувања на цената, актерот Метју Пери, конечно, го продаде својот раскошен пентхаус за 21,6 милион долари.

Продажбата на резиденцијата, наречена палата на небото, претставува најскапа продажба на апартман во јужна Калифорнија во последните шест години, наведува „Лос Анџелес тајмс“.

Преземајќи го целиот 40. кат на високиот станбен комплекс Century Tower во Лос Анџелес, импресивниот имот може да се пофали со четири спални соби, шест бањи и, секако, неспоредлив поглед кон градот.

Од дневната соба до бањата - секој сантиметар од апартманот е неверојатен призор.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.