На продажба спакуван воздух од концертот на Кание Вест

Еден обожавател понуди на продажба спакуван воздух од концертот што раперот Кание Вест го организираше минатата недела за промоција на својот нов албум „Донда“, прнесуваат медиумите.

Почетната цена на понудениот пакет за продажба на e-Bay беше 3333 американски долари, но веќе се искачи на 10 000 американски долари. Наддавањето трае до 28 јули, така што е сосема можно износот да „се здебели“ уште повеќе.

 

 

За да не се сомнева во автентичноста на понудениот воздушен пакет, продавачот го фотографирал на местото на настанот. Раперот Кание Вест на 22 јули во Атланта го претстави албумот „Донда“, именуван по неговата покојна мајка.

Ова не е прв пат обожавателите на раперот да се обидат да заработат со продажба на спакуван воздух од неговите настапи. Во 2015 година, обожавател „заработи“ над 60.000 УСД со продажба на воздух од турнејата „Језус“ на Кание Вест.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.