Не стивнуваат реакциите по ставот на „Дизни“ за тужбата на Скарлет Јохансон

Четири организации заговорници за еднакви можности на жените во филмската индустрија - Women in Film, Los Angeles, ReFrame и Time's Up - издадоа заедничко соопштение во кое реакцијата на „Дизни“ за тужбата на Скарлет Јохансон ја оквалификуваа како „родово-базиран напад врз ликот на Јохансон“.

Во заедничката изјава на четирите организации се вели: „Иако не заземаме став за деловните прашања во спорот помеѓу Скарлет Јохансон и компанијата ‘Волт Дизни’, ние цврсто стоиме против неодамнешниот став на ‘Дизни’ кој се обидува да ја окарактеризира Јохансон како нечувствителна или себична бидејќи ги брани своите права согласно потпишаниот договор.“

„Овој родово-базиран напад нема место во деловен спор и придонесува за средина во која жените и девојките се сметаат за помалку способни од мажите да ги заштитат сопствените интереси без да се соочат со ад-хоминем критики.“

Ѕвездата на „Црна вдовица“, Скарлет Јохансон, во четвртокот поднесе тужба против сопственикот на студиото Марвел, „Дизни“, тврдејќи дека стримувањето на филмот преку „Дизни плус“ предизвикало таа да загуби значителни бонуси.

„Дизни“ го возврати ударот, велејќи дека тужбата покажува „бесчувствително игнорирање на ужасните и долготрајни глобални последици од пандемијата“.

Во соопштението на „Дизни“ се наведува дека на Јохансон веќе ѝ биле платени 20 милиони долари за нејзината работа на филмот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.