(Видео)Вработен во кино откри измама со пуканки: Плаќате повеќе, а количината е иста

Пуканките и напитоците се совршена придружба на секој филм. Меѓутоа, Американецот Џун Лонг сподели видео на социјалната мрежа Тик-ток во кое открива како продавачите на пуканки во кината во Америка можат да ги измамат луѓето бидејќи малите и средните кофи всушност содржат иста количина пуканки.

Џун ги советува кино-посетителите никогаш да не земаат средна.

Во виралниот клип, прегледан над шест милиони пати, корисникот на Тик Ток се преправа дека е клиент што ја нарачува омилената кино-закуска.

Во видеото, Џун нарачува мало пакување за 7,40 долари, но се премислува за средна големина. Потоа тој застанува зад штандот и ги претура од мала во средна кофа што се полни до врвот.

Џун на тој начин сака да покаже големините на пуканки во кината се измама и дека средните големини се еднакви на малите, но поскапи. Неговото видео собра 6,7милиони прегледи, а многумина беа бесни, пишува „Мирор“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.