ТВ-серијата „Господар на прстените“ ќе стартува во септември следната година

Мултимилионската ТВ-верзија на „Господар на прстените“, проект на „Амазон“, ќе почне да се прикажува во септември 2022 година, објави студиото Амазон во понеделникот.

Стриминг-платформата соопшти дека снимањето на првата сезона во Нов Зеланд е завршено и ги објави првите фотографии од серијата.

„Патувањето започнува на 2 септември 2022 година, со премиера на нашата оригинална серија Lord of Rings на Prime Video“, наведено е во соопштението на Џенифер Салке, директорка на студиото Амазон.

Според владини претставници на Нов Зеланд, „Амазон“ потрошил околу 465 милиони долари за снимање на првата сезона на серијата, која најверојатно ќе има пет сезони.

Ова ќе биде една од најскапите ТВ-продукции во историјата.

Во соопштението за медиуми се вели дека првата сезона ќе биде достапна во повеќе од 240 земји, со нови епизоди што ќе се прикажуваат еднаш неделно.

Епскиот фантазиски заплет се случува илјадници години пред настаните за кои раскажува писателот Џ.Р.Р. Толкин во неговите книги „Хобит“ и „Господарот на прстените“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.