Барак Обама организира голема роденденска забава, гостите мора да се тестираат за Ковид-19

Поранешниот американски претседател во среда (4 август) полни 60 години, но, наводно, не бара подароци бидејќи претпочита донации за добротворните проекти на „Фондацијата Обама“, објави „Пипл“ во вторникот.

„Обамови организираат забава за да го прослават 60. роденден на претседателот Обама со семејството, пријателите и поранешниот персонал,“ пишува магазинот, цитирајќи анонимен извор.

Собирот на отворено ќе се одржи претстојниов викенд на нивниот семеен имот. На гостите им е кажано дека ќе мора да бидат тестирани за коронавирус и дека настанот ќе биде надгледуван од медицински професионалец за да се обезбеди следење на протоколите за пандемија.

Инсајдерот додаде: „Наместо подароци, од гостите се бара да размислат за обезбедување програми за поддршка на афроамерикански момчиња и млади мажи и нивните семејства во САД, зајакнување на адолесцентните девојки ширум светот, и поддршка за следната генерација лидери на заедници во развој или глобалните програми за лидерство на Фондацијата Обама “.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.